Vogue токму викендов ја издвои Lady Gaga со clavi-cut како еден од beauty изгледите што ќе ги гледаме насекаде. (Vogue)
„Clavi-cut“ е фризурата што ќе ја гледаме насекаде оваа есен: Ласка на секое лице и изгледа скапо без многу труд
Ако ви се допаѓа боб фризурата, но не сте подготвени косата да ја скратите толку многу, есента 2026 носи идеално решение – clavi-cut.
Името доаѓа од англискиот збор clavicle, односно клучна коска, бидејќи должината на косата завршува токму околу неа. Тоа е нешто помеѓу подолг боб и средно долга коса – доволно кратко за да изгледа свежо и модерно, но доволно долго за да може да се врзе, да се витка или да се носи совршено права.
Lady Gaga веќе го носи
Vogue неодамна го издвои новиот изглед на Lady Gaga, која се појави со токму оваа должина, а clavi-cut претходно го видовме и кај Kim Kardashian, Hailey Bieber, Selena Gomez, Demi Moore и Penélope Cruz.
И токму тука лежи една од причините за неговата популарност – истата фризура може да изгледа сосема различно зависно од начинот на стилизирање.
Kim Kardashian ја носеше со разигран волумен и длабок патец на страна, Hailey Bieber со нежни бранови, Selena Gomez сосема права и мазна, а Demi Moore се одлучи за модерен „wet look“.

Зошто толку добро им стои на повеќето жени?
Фризерите велат дека clavi-cut е една од оние ретки должини што лесно се приспособуваат на различни облици на лице и возраст. Невидливите слоеви можат визуелно да дадат повеќе густина, додека благо проретчените врвови ја прават фризурата полесна и поприродна. (Vogue)
Дополнителна предност е што нема едно строго правило како мора да биде потстрижана. Може да биде речиси рамна, со долги слоеви, со прамени околу лицето или со малку повеќе текстура.
Особено добра ако имате тенка коса
За жените со потенка коса, оваа должина може да биде особено благодарна. Наместо премногу долга коса која визуелно може да изгледа поретка, clavi-cut ја задржува тежината околу краевите и создава впечаток на пополна коса. Vogue токму поради тоа го опиша и како одличен избор за тенка коса.
Ако косата е густа, пак, неколку суптилни слоеви можат да ја намалат тежината и да ѝ дадат повеќе движење.
А најдобриот дел? Не бара драматична промена
За разлика од микро-боб или pixie фризурата, со clavi-cut не мора да направите огромен рез за да почувствувате дека сте ја смениле фризурата.
Токму затоа е идеална за почетокот на есента – ги отстранува сувите и оштетени врвови по летото, а сепак остава доволно должина за сите есенски фризури.
И ако судиме според последните celebrity beauty изгледи, ова е една од оние фризури што во следните месеци сè почесто ќе ја гледаме и во салоните.