YOVA ја претстави новата невестинска колекција – The Bridal Edit
Невестинскиот изглед одамна не завршува со изборот на венчаница.
Токму деталите се тие што му даваат личен потпис – чантичка, бисери, рачно изработен аксесоар или парче кое не останува заборавено веднаш по свадбата.
YOVA ја претстави новата невестинска колекција – The Bridal Edit на гламурозната Haute Wed Gala.
>>Македонскиот бренд за рачно изработени чанти и аксесоари YOVA ја претстави The Bridal Edit – нова колекција создадена за невестата, нејзините девојки и сите моменти што вреди да се носат со себе.
Колекцијата носи нова перспектива на невестинските додатоци,
спојувајќи ја препознатливата рачна изработка на YOVA со современи силуети и невестинска естетика. Веќе познатите модели на брендот се пресоздадени во чиста невестинска бела, како и во комбинации со сребрена, златна и бронзена рафија, додека дел од дизајните се надополнети со автентични охридски бисери од семејството Талеви.
The Bridal Edit
..ги обединува моделите Силви Багет, Силви Микро, Ринг, Реса, Фиори и Бисера, заедно со новиот Бисера Чокер – рачно хеклан чокер со 14 автентични охридски бисери од семејството Талеви. Целата колекција е замислена не само за свадбениот ден, туку и за сите свечени моменти што следуваат потоа.
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.
„The Bridal Edit“ е продолжение на филозофијата на YOVA –
..да создава рачно изработени парчиња со карактер, кои не се врзани само за една пригода. Секој модел е изработен во мали серии во Македонија, со фокус на рачната изработка, современиот дизајн и внимателно избрани италијански материјали.
The Bridal Edit е достапна за нарачки на yova.maison и во УРМА во Skopje City Mall.
А токму директниот контакт со дизајнерите и брендовите
е една од главните идеи на Wedding Expo Skopje 2027, кој ќе се одржи од 19 до 21 февруари во хотел Александар Палас. На едно место идните невести ќе можат да ги видат најновите bridal колекции, да ги почувствуваат материјалите, да пробаат, да споредат и лично да разговараат со луѓето кои стојат зад дизајнот.
„Ова е тоа.“
Wedding Expo Skopje 2027
19–21 февруари 2027
Хотел Александар Палас – Скопје

