July 25, 2026
11

Кога сте на одмор заедно, зошто и стајлингот да не ви биде усогласен?

Мечинг комбинациите за парови не значат да носите идентична облека. Тајната на луксузниот, „ројал“ изглед е во усогласените бои, природните материјали и едноставните детали.

Тој во бела или беж ленена кошула и светли шорцеви, таа во воздушест фустан, кафтaн или елегантен костим за капење во истата палета. Крем, бела, песочна, маслинеста, светлосина и златни детали се комбинација со која тешко може да погрешите.

Избегнувајте премногу принтови, големи логоа и целосно идентични комбинации. Наместо тоа, одберете една заедничка боја или материјал што ќе ги поврзе вашите изгледи.

Резултатот? Пар што изгледа спонтано, скапо и совршено усогласено – како да пристигнал на приватна плажа некаде на Медитеранот.

Дали би се облекле мечинг со партнерот на плажа?

About The Author

gamoshi.io, 267-b6491, DIRECT, 20e30b2ae1f670f2