Анастасија и Јоана во креација на Атеље Сидор
Квалитетна изработка, модерна елеганција и безвременски дизајн се одлика на венчаниците од новата колекција на Атеље Сидор. Класични силуети, експерименти и луксузна текстура, фокусирани не само на изгледот туку и на нејзината удобност и самодоверба.



На саемот за венчавки Сидор се претстави преку Јоана Делова и Анастасија Стојанова, а сцената ја збогатија и малите прекрасни невестулки Јоана и Софија.
