A$AP ROCKY ДОАЃА НА БАЛКАНОТ, А НАД СЦЕНАТА ЌЕ ЛЕБДИ ХЕЛИКОПТЕР
A$AP Rocky, една од најголемите хип хоп ѕвезди и модни икони на својата генерација, пристигнува во Загреб на 6 октомври како дел од европскиот дел на DON’T BE DUMB World Tour.
И ако некој очекува „обичен“ концерт, очигледно се лаже.
Продукцијата на турнејата веќе привлече огромно внимание низ Европа, а еден од највпечатливите моменти е почетокот на шоуто, кога Rocky се појавува со хеликоптер што лебди над сцената, придружен со пиротехнички ефекти. Дел од концертот го изведува и директно меѓу публиката.
На сет листата се неговите најголеми хитови, меѓу кои Fashion Killa, Praise The Lord и Sundress, но и песни од новиот албум DON’T BE DUMB.
Турнејата веќе помина низ Брисел, Амстердам и Лондон, каде што имаше три последователни распродадени концерти во O2 Arena, а следуваат Милано, Минхен, Копенхаген, Стокхолм, Берлин, Париз и други европски градови. Загреб е закажан за 6 октомври во Arena Zagreb, а веднаш потоа Rocky продолжува кон Белград, Софија и Атина.
Билетите за Загреб се веќе во продажба, со основни цени од околу 50 евра, додека VIP пакетите одат и многу повисоко.
A$AP Rocky одамна не е само музичар. Тој е креативен директор, модно лице и човек кој со години соработува со брендови како Dior, Gucci, Bottega Veneta, Chanel, Calvin Klein и Puma.
И токму затоа неговите концерти денес се нешто помеѓу хип хоп шоу, моден перформанс и визуелен спектакл.