July 24, 2026
оли

Оливија Родриго има ново момче: Холивуд го замени со успешен банкар од Волстрит

Оливија Родриго, наводно, повторно е вљубена, а овојпат нејзиниот избраник не е актер, музичар или друга позната личност од светот на шоу-бизнисот.

Популарната пејачка во последните неколку недели неколкупати била забележана во друштво на Џулијан Кроненбергс, млад и успешен финансиски експерт кој работи во приватниот инвестициски сектор во Њујорк.

Гласините за нивната романса дополнително се разгореа откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои Оливија и Џулијан, наводно, се гледаат заедно на аеродром, по враќањето од патување на Исланд. Двојката била забележувана и на неколку средби во Бруклин.

Иако ниту пејачката ниту нејзиниот нов придружник јавно не ја потврдиле врската, американските медиуми веќе пишуваат дека меѓу нив се развива нешто повеќе од пријателство.

Wedding Expo Skopje 2027 – јубилејно 15-то издание!

Кој е мистериозниот Џулијан?

Џулијан Кроненбергс е дипломец на престижниот Универзитет „Браун“, каде што студирал применета математика и компјутерски науки.

Пред да започне да работи во приватната инвестициска компанија „Hg Capital“, бил банкарски аналитичар во „Голдман Сакс“. Покрај успешната финансиска кариера, тој има и спортско минато – од 2018 до 2020 година бил член на машката репрезентација на САД во хокеј на трева. Наводно зборува и холандски и француски јазик.

За разлика од претходните момчиња на Оливија, Џулијан не е дел од светот на славните и живее значително подискретен живот, далеку од црвените теписи и папараците.

По светската титула – свршувачка? Девојката на Дани Олмо покажа огромен прстен

Нов почеток по раскинувањето со Луис Патриџ

Пред Џулијан, Оливија беше во врска со британскиот актер Луис Патриџ. Тие започнаа да се забавуваат во 2023 година, а во јавноста често се појавуваа заедно на големи настани.

Во декември 2025 година се појавија информации дека двојката раскинала по приближно две години врска, иако ниту еден од нив официјално не ја коментираше разделбата.

Оливија претходно беше поврзувана и со продуцентот Адам Фејз, музичкиот директор Зак Биа и актерот и пејач Џошуа Басет.

Доколку гласините за Џулијан се точни, пејачката очигледно решила холивудските заводници да ги замени со сериозен и амбициозен финансиски играч.

Дали станува збор за нова голема љубов или само за летна романса, останува да видиме. Засега, Оливија и Џулијан внимателно ја чуваат приватноста и не ги коментираат фотографиите што го обиколија светот.

Летна мода со македонски потпис: Фустани што нема да ги видите на секоја втора девојка

About The Author

gamoshi.io, 267-b6491, DIRECT, 20e30b2ae1f670f2