April 25, 2026
Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

На вечерта на полната месечина, под затемнетото небо на 7 септември 2025 година, Настасја и Иво Ранѓеловиќ го кажаа своето „да“ и започнаа ново поглавје. Избраа да се венчаат токму на локацијата Сули Ан – историското срце на Скопје, чиј камен и сводови носат вековни приказни. Симболиката на затемнувањето на месечината беше совршен почеток: нова светлост, нова енергија и нови среќни денови.

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

Инспирацијата за нивниот ден дојде од италијанската уметност на – вештината да оставиш впечаток на елеганција, а притоа сѐ да изгледа ненапорно. Со богати бои, винтиџ детали и текстури кои потсетуваат на Медитеранот, Сули Ан беше преобразен во сицилијанска бајка. Петнаесетметарската камена сала се претвори во топла оаза исполнета со светлина, со цветни аранжмани и скулптури кои внесуваа римска сензација.

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка
Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

Планирањето започна половина година претходно, но секој ден им донесуваше радост и креативност. Организацијата за невестата не беше обврска, туку уметност. Заедно со Иво, учествуваа во секој избор – од прегледот на менито и дегустациите со шеф-готвачот Александра Атанасовска, до најситните декоративни детали. Љубовта кон естетиката и хедонизмот ги водеше да создадат симфонија од боја, вкус и емоција.

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка
Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

Екипата која стоеше зад реализацијата беше впечатлива. Шеф-готвачот Александра и нејзиниот тим подготвија мени кое ги изненади гостите со свежина и медитерански ноти. Цветните декоратори вешто го пренесоа духот на Сицилија со топли нијанси и романтични аранжмани. И, секако, главниот моден момент: венчаницата на Настасја, создадена од талентираната Магдалена од „Atelier Dahlia by Magdalene“. Етеричниот фустан со беспрекорни линии и безвремена елеганција ѝ овозможи да се чувствува како принцеза од вечна бајка. Новата колекција на „Atelier Dahlia by Magdalene“ на Wedding Expo Skopje

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка
Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

„Ова беше ден кога најубаво го видов Иво – неговата добрина, вниманието кон секој детал и начинот на кој ме носеше во своето срце,“ вели Настасја. Освен магијата на просторот и светлината од полната месечина, најважно беше чувството на сигурност и безусловна љубов што тие двајца го делеа. Секој момент потврдуваше дека секој нов почеток со Иво ќе биде токму ваков – магичен, топол и полн со идни соништа.

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка
Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка

Со оваа свадба на месецот, Настасја и Иво ја споделуваат својата приказна како извор на инспирација: љубовта, кога е искрена и посветена, навистина може да претвори камени ѕидови во бајковити рамки и обични моменти во вечни спомени.

Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка
Настасја и Иво Рангеловиќ-совршена свадбена бајка