April 25, 2026
Jovana Trajkovska

Инфлуенсерката Јована Трајковска со моминска забава како холивудска ѕвезда.
Магијата на едно вистинско девојачко патување се случи во вила „Хера“ во Охрид, каде што инфлуенсерката Јована ја прослави својата моминска вечер под темата Pearls & Prosecco – софистицирана, разиграна и внимателно испланирана до последен детаљ.

Идејата беше едноставна: да се исклучи светот и да се вклучи дружбата. Моминската вечер ја замисливме како патување со една единствена обврска – сите да си поминеме незаборавно.

Сѐ започна со заминувањето кон Охрид, каде што секоја девојка доби персонализирана шише вода, мапа и „пасош“ за моминската. Со однапред утврден dress code, девојките пристигнаа подготвени за искуство какво што не се повторува.
Во вилата ги чекаа персонализирани кутии со нивните имиња, кои покрај симболични подароци како ноќница, стегач за коса, млеко за тело, масло против целулит и emergency kit, содржеа и пет креативни картички. На нив, секоја од гостинките одговараше на прашања и предвидувања за свадбата – од „Guess the dress“ до „Кој ме познава најдобро“.

Целиот амбиент беше во кремасти и бисерно бели нијанси, со photo corner во стилот на темата, што дополнително ја истакна естетиката на вечерта. Четири часа дружење со капење во базен, шампањ во рака и зајдисонце над Охридското Езеро – беше вистинска бајка. Дури и малите непредвидени моменти ги претворивме во дел од забавата.

По релаксираната атмосфера, вечерта продолжи со забава во Охрид, а следното утро ме чекаше уште едно изненадување – возење со катамаран. Иако езерото беше немирно, искуството беше уникатно и емотивно, со чувство дека сите уживаат исто како и јас.

Свадбата е закажана за септември. Фустанот ќе се шие кај JZJ – Златко Јовановски, а декорацијата ќе ја подготват Дијана Милевска и Студио Митаноски, исто како што беше и на веридбата. Подготовките се веќе во тек – остануваат само ситниците.

Честитки за Јована и едвај чекаме фотки од свадбата која несомнено ќе изгледа како Холивудска забава.