За совршени фотографии од венчавката, обрнете внимание на овие ситници што прават голема разлика.
ПОДГОТОВКИ НА МЛАДОЖЕНЕЦОТ И МЛАДАТА
**Детали**: Подгответе венчаница, чевли, букет, бурми, покани и парфем на едно место за фотографот.
**Позадина**: Уредете го просторот каде се шминкате (обично кај прозорец) за чисти и убави фотографии.
**Помош со венчаницата**: Одредете личност (кума/член на семејството) да ви помага со венчаницата. Треба да биде подготвена за фотографии.
**Долен веш и сончање**: Избегнувајте долен веш со прерамки што остава траги. Не претерувајте со сончање или бронзер за природен изглед.
**Шминкање**: Ангажирајте шминкер порано, шминкањето често се одложува (до 45 мин).
**Паузи и букет**: Планирајте паузи за одмор. Извадете го букетот од вазна порано за да се исцеди водата.
**ПРВ ПОГЛЕД (FIRST LOOK)**
Договорете се со фотографот за интимен момент кога првпат се гледате облечени. Одвојте 5 минути само за вас, без публика.
**Бонус**: Направете го уникатно – напишете си писма или пуштете посебна песна за танц.
**ВО ЦРКВА**
**Сончеви зраци**: Не стојте на места каде поминуваат сончеви зраци за време на обредот – создаваат контраст што го отежнува уредувањето на фотографиите. 
**ГРАЃАНСКА ВЕНЧАВКА**
**Цветен лак**: Застанете во центарот на лакот за совршен кадар.
**Кумови**: Нека стојат на исто растојание од вас за сите да влезат во кадар.
**Бурми и бакнеж**: Гледајте во сопружникот при ставање бурми за да избегнете подбрадок. Продолжете го првиот бакнеж и замолете кумот да го тргне матичарот за чист кадар. 
**ПОРТРЕТИ И ФОТОГРАФИИ СО ГОСТИТЕ**
– **Портрети**: Одете сами на локација за портрети за да се опуштите. Фотографот ќе ви ја намести венчаницата ако треба.
– **Букет**: Држете го букетот на висина на долен стомак, со благо свиткани лакти, и свртете го најубавиот дел кон фотографот.
– **Гости**: За многу гости, фотографирајте се во ресторанот меѓу оброците, а по церемонијата само со блиското семејство за да заштедите време.
**ПРВ ТАНЦ И ТОРТА**
**Прв танц**: Одиграјте го веднаш по најавата, со гости околу вас. По првата строфа, поканете ги гостите да се придружат за да започне забавата.
**Паузи и говори**: Правете паузи кога паузира музиката. Говорите направете ги по првата пауза кога сите седат.
**Торта**: Пресоблечете се пред сечењето. Истурете ја брадата и гледајте кон тортата само со очи. По тортата, забрзајте го репертоарот за да ја задржите забавата.
**ЗАМИНУВАЊЕ НА ФОТОГРАФОТ**
Пред заминување на фотографот, „искрадете се“ на 10 минути за последни портрети. Одвојте време за себе – денот брзо поминува.
**БОНУС СОВЕТ**
За организација на венчавката, секогаш бидете во тек и следете го нашиот портал www.vobelo.mk и нашите социјални мрежи. Најважно од се е да го посетите саемот за венчавки Wedding Expo Skopje кој е закажан од 20 до 22 февруари 2026 во х.Александар Палас.