Црниот ајлајнер со децении е еден од најпрепознатливите производи во женската козметичка чантичка. Но оваа есен добива сериозна конкуренција, и тоа во боја што досега многумина не би се осмелиле да ја стават околу очите.
Црвена!
Модниот магазин Allure го издвојува враќањето на црвениот ајлајнер како еден од најнеочекуваните трендови во шминкањето.
Меѓу познатите личности што веќе го прифатија се Ријана, Зендаја и Мејси Вилијамс.
Ријана се појави на ревијата на Matières Fécales во Париз со интензивна црвена линија долж долниот раб на очите, создавајќи драматичен и необичен ефект.
Зендаја, пак, експериментираше со црвени и бакарни нијанси, покажувајќи дека овој тренд може да функционира и со елегантна облека.
Но колку е црвениот ајлајнер практичен во секојдневниот живот?
Тајната е во начинот на нанесување.
За понежен изглед, професионалните шминкери советуваат тенка линија на горниот капак, во бордо или темноцрвена нијанса.
Остатокот од шминката може да биде минимален, со природен тен, дискретно руменило и усни во неутрални тонови.
На овој начин очите добиваат впечатлив акцент без целото лице да изгледа пренагласено.
Важно е да се користат козметички производи наменети за пределот околу очите и да се избегнува нанесување на внатрешниот раб ако производот не е предвиден за тоа.
УБАВИНАТА ИМА СВОЈ ДАТУМ: Beauty Expo Skopje 2027 најавува три дена гламур, трендови и инспирација!
За вечерни излегувања, фотосесии и модни настани, црвениот ајлајнер сигурно може да биде интересен избор.
А за свадбена шминка? Можеби не за секоја невеста, но за оние што сакаат храбар и неконвенционален изглед, зошто да не?
Едно е сигурно: модата веќе не се плаши да ги обои очите во црвено.
