Романсата почнала на свадбата на Тејлор Свифт: Дакота Џонсон сега со бившиот на Меган Фокс?
Холивуд можеби добива една од најнеочекуваните нови двојки.
Дакота Џонсон и Machine Gun Kelly беа фотографирани заедно во Њујорк, а нивното ноќно дружење веднаш ги разгоре гласините дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
А приказната станува уште поинтересна бидејќи, според американските медиуми, Дакота и MGK се запознале ова лето на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси.
Сега двајцата биле видени како заедно влегуваат во зградата во Трибека каде што Тејлор има стан, а подоцна MGK бил забележан и како ѝ помага на Дакота да излезе од автомобил пред нејзиниот хотел.
И, секако, невозможно е во целата приказна да не се спомене Меган Фокс.
MGK со години беше во бурна врска со актерката и со неа има ќерка, но нивната љубовна приказна заврши уште пред ова ново дружење со Дакота. Денес двајцата се поврзани пред сè како родители.
Засега Дакота и MGK не потврдиле дека се во врска.
Но ако свадбата на Тејлор навистина била местото каде што почнала искрата, Холивуд штотуку доби нова љубовна приказна што никој не ја очекуваше.