дино

Наместо класични свадбени фотографии, избрале костими на тираносауруси. Но, најсмешното допрва следувало – нивните семејства не знаеле дека се венчале, а целиот интернет веќе зборувал за нив!

Хозе Контрерас (34) и Габриела Ернандез (37) одлучиле својата свадба да ја направат поинаква, со многу хумор и малку лудост. На 8 октомври се венчале во Градското собрание во Сан Франциско, а потоа облекле огромни костими на диносауруси и започнале свадбена фотосесија каква што ретко се гледа.

Невестата, иако облечена како тираносаурус, не се откажала од традицијата. Под костимот носела високи потпетици, а додала и бел вел и бидермаер. Младоженецот, пак, својот праисториски изглед го дополнил со бела пеперутка.

И додека двајцата уживале во фотографирањето, еден случаен посетител ги забележал од горниот кат на зградата. Ги снимил и го објавил видеото на Инстаграм.

Резултатот? Над 4,3 милиони прегледи и стотици илјади реакции.

Ниту семејствата не знаеле за свадбата

Тука започнува најинтересниот дел од приказната.

Хозе и Габриела, кои се во врска пет години, одлучиле да се венчаат во тајност. Планирале на забава за Ноќта на вештерките да им приредат изненадување на најблиските, прикажувајќи видео во кое ги соблекуваат костимите на диносауруси и откриваат дека веќе се во брак.

Но, интернетот им ги помешал плановите.

Некои членови на семејството дури им го испратиле виралното видео, без да знаат кој се крие под костимите, коментирајќи дека такво нешто совршено би им прилегало токму ним!

WEDDING EXPO SKOPJE 2027 – ТРИ ДЕНА МОДА, ГЛАМУР И ГОЛЕМ СВАДБЕН СПЕКТАКЛ!

Зошто баш диносауруси?

Идејата била на Габриела, која обожава диносауруси и маскирање.

Сепак, за време на самата церемонија биле облечени во вообичаена свадбена облека. Костимите ги облекле дури потоа, бидејќи, како што објаснил младоженецот за магазинот „People“, било премногу топло и непрактично во нив да ја одржат церемонијата.

Фотографката Кејт Расказова, која ја овековечила оваа необична свадба, со задоволство ја прифатила идејата.

По огромниот интерес на социјалните мрежи, младенците конечно го откриле својот идентитет и признале дека воопшто не очекувале ваква популарност.

Ако нешто научивме од оваа свадба, тоа е дека за добри свадбени фотографии понекогаш не ви требаат ни скапа венчаница ни совршено одело. Доволни се два диносауруса, бидермаер и добра смисла за хумор.

И, се разбира, некој случајно да ве сними.

About The Author