Свадби, венчаници, бивши љубови и неверни партнери… Во соништата е дозволено сè, па дури и да се омажите за човек кого на јаве не можете да го поднесете. А што вели соновникот? Еве неколку толкувања, со мала доза хумор.
Сонувате сопствена свадба?
Соновникот вели дека ве очекува голема животна промена. Ние велиме – проверете ја банкарската сметка. Можеби потсвеста ве предупредува на трошоците.
Го сонувате бившиот како се жени?
Наводно, конечно сте го преболеле. Особено ако во сонот невестата е погрда од вас.
Сонувате дека се мажите за бившиот?
Потсвеста ве потсетува на старите грешки. Убаво е што постои будење пред матичарот да праша: „Дали земате…“
Го сонувате сегашниот со друга жена?
Соновникот вели дека тоа е знак на несигурност, а не на неверство. Сепак, ако се разбудите лути, кутриот човек нема да знае што згрешил.
Сонувате дека бегате од сопствената свадба?
Веројатно бегате од некоја обврска. Или едноставно сте сфатиле дека сте избрале погрешен младоженец. Подобро во сон отколку пред 300 гости.
Сонувате дека сте невеста, а немате венчаница?
Страв од неподготвеност за важен настан. Или премногу сте гледале венчаници на Инстаграм пред спиење.
Сонувате дека свекрвата ви ја организира свадбата?
Ова веќе не е сон. Ова е кошмар!
И за крај, една утеха: соништата не ја предвидуваат иднината, а соновниците немаат научна потврда.
Затоа, ако сте го сонувале бившиот – не му пишувајте. Ако сте го сонувале сегашниот со друга – не му правете распит. А ако сте сонувале свадба, посетете го Wedding Expo Skopje. Таму барем ќе знаете што ве чека!
Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.