April 25, 2026
marija-lazarova

Актерката ја сподели среќната вест на социјалните мрежи, а објавата веднаш предизвика лавина од реакции и честитки. Нејзин избраник е актерот и стенд-ап комичар Марко Трајковиќ.

Марија и Марко-Инстаграм
Марија и Марко-Инстаграм

Македонската актерка Марија Лазарова го кажа своето судбоносно „ДА“ и со една емотивна објава ги разнежни следбениците на социјалните мрежи. Таа сподели фотографии и видео од романтичниот момент, а пораката што ја напиша веднаш привлече огромно внимание: „Заедно да си остариме и да си се згрбавиме“.

Објавата предизвика вистинска лавина од реакции, а честитки пристигнуваа од пријатели, колеги и бројни следбеници. Меѓу првите што јавно ѝ честитаа беше нејзиниот брат, Стефан Лазаров, кој на Инстаграм стори сподели фотографија од парот со пораката: „Вечни да сте“.

Марија и Марко-Инстаграм
Марија и Марко-Инстаграм

Избраникот на Марија е Марко Трајковиќ, актер во Националниот театар во Куманово, кого публиката го познава и како стенд-ап комичар. Со својот сценски шарм и препознатлива енергија, Марко веќе извесно време успешно ја гради кариерата на македонската сцена.

Судејќи по реакциите под објавата, оваа љубовна вест ја воодушеви јавноста, а многумина коментираат дека парот зрачи со искрена емоција и убава заедничка приказна. Едно е сигурно — за Марија и Марко започнува ново, посебно поглавје исполнето со љубов, поддршка и многу заеднички моменти.

Честитки и од нас за Марија и Марко