editorial-use-kendall-jenner-

Совршено мазна кожа, природен сјај и шминка што изгледа речиси невидливо. Кендал Џенер со години го негува овој изглед, но сега нејзината шминкерка Мери Филипс открива интересна техника со која ја подготвува кожата пред нанесувањето на мејкапот.

Техниката се нарекува „underglazing“, а нејзината идеја е едноставна: добриот резултат започнува со правилна подготовка на кожата.

 

За разлика од познатата техника „underpainting“, кај која контурирањето се прави пред течната пудра, новиот пристап се фокусира на хидратацијата и создавањето мазна, негувана основа.

Мери Филипс користи хидратантен крем на одредени делови од лицето, со цел кожата да добие свежина и природен сјај, а шминката полесно да се распореди.

Во случајот со Кендал станува збор за производ од корејскиот бренд Anua, чиј амбасадор е манекенката.

Но вистинската поента на оваа техника не е во конкретниот бренд. Таа го нагласува значењето на добрата нега пред шминкањето.

УБАВИНАТА ИМА СВОЈ ДАТУМ: Beauty Expo Skopje 2027 најавува три дена гламур, трендови и инспирација!

Што можеме да научиме од овој тренд?

Пред нанесување пудра, лицето треба да биде нежно исчистено и хидрирано со производ што одговара на типот на кожата. Потребно е кремот да се впие, а потоа да се нанесе соодветна количина течна пудра.

Премногу производи, особено во комбинација со тешки формули, можат да создадат спротивен ефект.

За идните невести ова е особено интересно. Свадбената шминка треба да изгледа убаво и под дневна светлина, и на фотографија, и по неколку часа прослава.

Секако, ниту една техника не гарантира совршен тен. Но трендот што го промовира Кендал потсетува на нешто што професионалните шминкери одамна го знаат: негуваната кожа е најдобрата основа за добра шминка.

About The Author