„tortoiseshell“

„tortoiseshell“

„Tortoiseshell“ е бојата на коса што ќе ја гледаме насекаде: Изгледа природно, скапо и совршено ја носи есента

Ако сакате промена, но не ви се влегува во драстично шишање или целосно нова боја, tortoiseshell hair е еден од најинтересните трендови за крајот на летото и есента.

Станува збор за богата комбинација од чоколадно кафеави, карамел, медени, килибарни и бронзени тонови, кои се прелеваат еден во друг и ѝ даваат на косата повеќе длабочина и сјај. Токму затоа резултатот изгледа природно, но истовремено и многу полуксузно.

„tortoiseshell“
„tortoiseshell“

Што всушност значи „tortoiseshell“?

Името доаѓа од карактеристичната мешавина на темни и топли златно-карамелни нијанси. Кај косата ефектот се добива со повеќе тонови, наместо со една рамна боја.

Најчесто основата останува кафеава или темно кафеава, а низ косата се додаваат посветли карамелни, медени или килибарни прамени. Кога се направени правилно, тие не изгледаат како класични контрастни прамени, туку како косата природно да осветлела од сонцето.

„tortoiseshell“
„tortoiseshell“

Тајната е во балајажот

Еден од најдобрите начини да се добие овој ефект е балајаж техниката, бидејќи овозможува посветлите делови постепено да се стопат со природната основа.

Не мора ниту целата коса да се осветлува. Неколку внимателно поставени прамени околу лицето и по должината можат целосно да го променат изгледот, без впечаток дека сте направиле радикална промена.

Тоа е и причината поради која ваквите мултидимензионални кафеави тонови остануваат силни и меѓу есенските трендови за 2026. (The Right Hairstyles)

„tortoiseshell“
„tortoiseshell“

Изгледа особено убаво кога косата е сјајна

Кај tortoiseshell бојата најважен е токму сјајот. Различните топли тонови најдобро се забележуваат кога светлината паѓа врз косата, па по боењето вреди да се обрне внимание на нега која ја одржува косата мазна и блескава.

Предноста е што бојата не бара впечатлив контраст со коренот и може да изгледа убаво и кога почнува да расте, особено ако преминот е направен меко.

Од лето директно во есен

Токму сега е идеален период за оваа нијанса. Во неа има доволно медени и златни тонови за да го задржи летниот ефект на косата, но истовремено чоколадните и бронзените нијанси совршено се вклопуваат со есенската палета.

Затоа, ако сакате косата да изгледа посјајно, посвежо и поскапо, а промената да не биде премногу очигледна, tortoiseshell е една од оние идеи што вреди да му ги покажете на вашиот фризер.

 

 

About The Author