Амал Клуни – Венеција почна со неа

Амал Клуни – Венеција почна со неа

Црвениот тепих уште не почнал, а Венеција веќе е модна писта: Ѕвездите пристигнаа со првите спектакуларни изданија

Филмовите можеби се главната причина поради која секоја година светот гледа кон Венеција, но одамна знаеме дека Mostra del Cinema е и еден од најважните модни настани во годината.

Од пристигнувањето со водено такси до фотоколите пред Hotel Excelsior, секое појавување е внимателно стилизирано. А годинава, уште пред првиот вечерен црвен тепих, веќе можеме да забележиме една работа: тивкиот луксуз, богатите есенски нијанси и опуштениот tailoring се наметнуваат како први модни фаворити. Vogue Italia меѓу првите пристигнати ги издвојува Alessandra Ambrosio, Emilia Schüle, Claire Foy, Maggie Gyllenhaal, Amal и George Clooney, Greta Scarano и други. (Vogue Italia)

Амал Клуни – Венеција почна со неа

Практично беше доволно Амал Клуни да излезе од воденото такси за модниот дел од фестивалот официјално да започне.

Наместо типичен летен бел или пастелен изглед, Амал избра богата маслинесто-зелена, речиси moss нијанса, во свилен сатен. Комплетот на Tom Ford by Haider Ackermann вклучуваше минималистички топ, многу краток долен дел и структурирано сако со нагласени раменици.

Oversized очила и минималистичка чанта го комплетираа изгледот. Тоа е токму оној вид луксуз кој не вика дека е скап – едноставно изгледа скапо.

А до неа Џорџ Клуни беше далеку порелаксиран – темносина поло-маица и бели панталони. Совршен пример како еден пар може да биде усогласен без буквално да биде облечен исто.

Амал Клуни – Венеција почна со неа
Амал Клуни – Венеција почна со неа

Селена Гомез веќе ја донесе есента во Венеција

Ако Амал ја избра маслинестата, Селена Гомез целосно се предаде на чоколадно-кафеавата.

Со долг велурен фустан/здолниште во toffee тон, топ во иста палета и високи кафени чизми, Селена направи комбинација која изгледа како директна најава за есента 2026.

Најинтересна е играта со текстури – мек велур, сјајна кожа на чизмите и монохроматска палета со изразено 70s чувство, но без да изгледа ретро-костимирано. (Glamour)

И ова е тренд што вреди да го запомниме: чоколадно кафеава + велур + високи чизми.

Селена Гомез веќе ја донесе есента во Венеција
Селена Гомез веќе ја донесе есента во Венеција

Клер Фој – како се носат фармерки во Венеција

Claire Foy докажа дека за пристигнувањето на филмски фестивал не ви е потребен вечерен фустан.

Нејзиниот Bottega Veneta изглед комбинираше карирано сако со широки фармерки, очила за сонце и богата бордо чанта. На нозете – минималистички сандали.

Тоа е модата која во моментов најмногу ја сакаме: опуштена, но очигледно промислена.

Claire Foy
Claire Foy

Меги Џиленхол – морнарско сино наместо црно

Претседателката на жирито Maggie Gyllenhaal пристигна во Celine и веднаш покажа дека годинава нема намера да игра само на сигурната црна карта.

Темносина јакна со огромен ремен ја комбинираше со широки бели панталони и рамни бели чевли, додавајќи Celine Le 17 чанта.

Нема светки, нема огромен фустан, нема ефект „погледнете ме“ – а сепак изгледот функционира. (Red Carpet Fashion Awards)

Грета Скарано и италијанскиот quiet luxury

Домаќинката на отворањето и затворањето, Greta Scarano, логично ја започна Венеција во Giorgio Armani.

Oversized темносин двојно закопчан блејзер, бела маица, темни фармерки и класични црни шпиц салонки – едноставно, прецизно и многу италијански.

Vogue Italia токму овој изглед го опишува преку кодовите на quiet luxury.

А вистинскиот спектакл допрва почнува

Ова се само пристигнувањата.

На овогодишниот фестивал, кој трае од 2 до 12 септември, се очекуваат имиња како Penélope Cruz, Dakota Johnson, Pamela Anderson, Claire Foy и Zendaya, додека модните куќи Chanel, Dior, Versace и други повторно ќе ја користат Венеција како неофицијална продолжена модна писта. (Vogue)

Затоа за Венеција годинава нема да следиме само кој филм ќе го освои Златниот лав.

Ќе следиме и која жена ќе ја освои модната Венеција.

 

 

About The Author