Заборавете на слатките мириси: „Вештерските“ парфеми се најмистериозниот тренд на есента
Ако досега есента мирисаше на ванила, цимет и карамела, оваа година парфемите стануваат многу потемни.
Таканаречените „witchy fragrances“ – вештерски парфеми се еден од најинтересните beauty трендови за есен 2026. Наместо класични цветни и слатки ноти, во нив доминираат темјан, чад, мов, пачули, билки, смоли, влажна земја и темно овошје.
Идејата не е буквално да мирисате „како вештерка“.
Овие парфеми треба да создадат чувство на мистерија, сензуалност и нешто малку опасно – како стара аптека со билки, дождлива шума, запалено дрво или темна соба исполнета со темјан.
Во трендот совршено се вклопуваат мириси како Heretic Häxan, Atelier des Ors Lune Feline и Zoologist Bat, а парфимерите сè повеќе експериментираат со земјени и чадливи ноти.
Причината можеби е едноставна: по години на многу слатки gourmand парфеми, сакаме нешто со повеќе карактер.
И оваа есен очигледно важи едно правило:
парфемот повеќе не треба само убаво да мириса – треба да остави впечаток дека зад него се крие приказна.