May 13, 2024

На Веганската недела на модата во Лос Анџелес, во центарот на вниманието беше познатиот македонски и канадски режисер, Зоран Стојановски Зонде. Поканет заради својата позната способност како режисер, продуцент и творец на модни филмови, Зонде имаше задача да го улови суштинското на настанот, да вклучи моменти од зад сцените, основните моменти на шоуто и многуте појавувања на славните личности.
Додека Зонде е познато име во Македонија за неговата модна фотографија, модни филмови, музички видеа и лирски способности, неговиот талент длабоко резонираше на овој настан.
На настанот присуствуваа многу славни личности, вклучувајќи Тарин Манинг, Кејси Афлек, Тара Рид, Ела Балинска, позната по CHARLIE’S ANGELS, Елејн Хендрикс од THE PARENT TRAP, Рича Мурџани од “Never Have I Ever” на Netflix, Табита Браун, Џесика Белкин од “American Horror Story: Hotel”, Кејли Коуан од WILLY’S WONDERLAND, и многу други.
Преку сторињата на Зонде можеме да видиме дека главните модели на вечерта биле истите кои тој ги обожува – близначките Рене и Елиша Херберт. Неговата долгогодишна желба не само да ги запознае, туку и да работи со нив, конечно доаѓа до реализација. Иако успеал да размени неколку кратки разговори со нив, неговите обврски на настанот биле толку обемни што не му дозволиле да посвети повеќе време за поголем разговор со нив.

По настанот, Зонде беше виден како се забавува на афтерпартито, уживајќи во друштвото на славните холивудски актерки Лили Круг (од филмот PLANE со Жерар Батлер) и Кејли Коуан (од WILLY’S WONDERLAND). Фотографијата од нив тројцата сигурно ја потврдува веселата атмосфера.
Како и секогаш, Зонде одлично ја заврши својата работа, документирајќи моменти, анеговиот уметнички пристап кон едитирањето ни овозможи увид во магијата на Веганската недела на модата.
За сите кои сакаат да се потопат во мода и уметност, видеото е задолжително!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *