March 2, 2024

Идните невести, посебно oние кои се подготвуваат за свадба во 2024 год. ќе имаат уникатна можност да присуствуваат на промоцијата на новите колекции на венчаници од врвните светски брендови кои се под капата на “White Angels”.
Промоцијата ќе се случува на саемот за венчавки 23-25 февруари во Александар Палас “Wedding Expo Skopje”. Идните невести ќе имаат можност да ги видат, пробаат и да ги купат венчаниците од врвните креатори како “Monica Loretti” “Daniela di Marino”, “Angela Bianca” и “Serena Sposa”.
Групацијата “White Angels” веќе неколку години има свој претставник во Скопје “White Angels Skopje” , а минатата година нивното заштитно лице, прекрасната Марјана Станојковска беше и на насловната на брендот “Monica Loretti”.

Тимот на професионалци од White Angels Skopje може да се пофали дека усреќи многу наши невести, а оваа година на саемот ќе имате можност да ги искористите специјалните понуди кои тие ќе ги понудат. Се гледаме на “Wedding Expo Skopje”.