Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10-12 март во Х. Александар Палас ќе понуди богата програма во сите три дена. Отворањето на саемот е предвидено за 10март од 17ч. за посетители, а во 21ч ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава.
Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ. Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести.
На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден. За прв пат во Македонија ќе имаме и презентација на моден дизајн во 3д форма , а најдобрите дизајнери ќе добијат и посебно признание. Секако најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2.
Секако убавината на саемот не се само иновациите но и големите попусти кои ќе ги добиете доколку аплицирате за нашата шопинг картичка која ја добивате бесплатно, а се што треба да сторите е да ни пишете на нашиот меил contact@vobelo.mk ili vobelo.mk@gmail.com и да ги оставите вашите податоци (тел. име и датум за свадба) секако треба да не заследите на инстаграм и фб
Наскоро и со подетални информации, а вие слободно доколку нешто ве интересира пишете ни.
Pingback: Венчаници и свечени тоалети како на светските модни писти La Maison by Cecet ! Новите колекции ексклузивно на “Wedding Expo Skopje” 10-12 март – VOBELO.mk
Pingback: Врвниот бренд MCouture со нова колекција на “Wedding Expo 23” – VOBELO.mk
Pingback: Совршен декор, за совршена свадба! Impact Group на “WEDDING EXPO SKOPJE” – VOBELO.mk
Pingback: Идните невести со посебен третман на “Wedding Expo Skopje”, за вистинско кралско искуство “The Spa-For royal experience” – VOBELO.mk
Pingback: Богат избор на свадбени торти на “Wedding Expo Skopje” Горди на нашите изложувачи “Delicia” – VOBELO.mk