Дали после свадбата, свекрвата ќе ја викате мамо?

Во минатото откако девојката ќе се омажела, автоматски значело дека родителите на својот сопруг ќе ги вика мамо и тато, дека од тој момент тие ќе се нејзини родители. Но, како поминува времето тоа почнува да умира, но се уште има и такви кои ја почитуваат таа традиција.

од архива на саемот за венчавки

Порано тоа воопшто не било проблем, но денеска младата генерација не сака ни да слушне за тоа. Има родители кои сакаат да стојат до традицијата и бараат од нивната снаа да ги вика со мамо и тато, но има и такви кои живеат во помодерно време, па не им е проблем како ќе ги вика снаата, туку им е доволно да ги почитува нив, или пак само да одговара на нивниот син, без воопшто да се мешаат.

Во многу нови семејства доаѓа до големи главоболки, кавги и расправии баш поради овој проблем. Младите снаи си стојат на своето, знаат кои им се мајка и татко, кој ги има чувано до сега, а пак свекорот и свекрвата бараат нивно почитување, со тоа што ќе им се обраќа со мама и тато. Во ваквите случаи обично, сопругот стои на страна, и остана проблемот сам се реши, додека жената удира глава во ѕид барајќи решение на проблемот.

На некои воопшто не им е тешко да им се обраќаат така, па уште од прв ден го прифаќаат тоа.

Стручните лица велат дека за овој проблем не постои нешто што е право или криво. Едноставно во право се и двете страни, само прашање е кој прв ќе попушти, и од која страна ја гледаш работата. Каков е вашиот став?