December 5, 2024

Како што веќе ви е познато овој петок со почеток од 17ч се отвора саемот за венчавки или “Wedding Expo Skopje” во организација и реализација на магазинот Во Бело и Конгресен Сервисен Центар. Локацијата е хотелот Александар Палас. Посетителите кои ќе дојдат во петок ќе можат да присуствуваат на шоуто кое стартува во 20ч. Како што започнува секоја свадба со музика и првиот танц, така и манифестацијата ќе биде отворена со музички настап на Бојана Скендеровски и танцов перформанс со аргентинско танго. Веднаш потоа на сцената ќе продефилираат познати лица” Познатите во венчаници”, пеачки, актерки, водителки, мисици , спрортиски, инфлуенсерки во венчаници и свечени костуми. На сцената вечерта ќе ги видиме, Марјана Станојковска, Драгана Левенска, Пулексенија Јовановска, Сања Савевска, Лила Филиповска, Миро Г-Карпет, Моника Црнокрак, Илариа Кирилов, Анѓела Јакимовска, Кристина Димитри, Ева Јовановска-Бекстејџ, Сара Дамчевска, Ангелина Китановска, Срефани Бубало, а водител и домаќин на настанот е Ведрана Ѓоргевиќ. Оние што ќе одберат да го посетат саемот во сабота и недела работното време е од 10 до 21ч, а на програмата се 7 модни ревии кои стартуваат од 12ч во сабота. Помеѓу ревиите има доста богата забавна програма за која ќе се погрижат Пламенка Трајковска, Хепи енд бенд и Дипломатик Бенд. Саемот е од интернационален карактер, па така со свои изложувачки простор освен нашите најдобри дизајнери, фотографи, декоратери и др. На саемот има и дизајнери од балканските простори но и познати европски дизајнери. Околу 50тина изложувачи од свадбената индустрија на 1500м2 ќе се потрудат да ги решат сите слатки маки кои ги имаат идните младенци. Влезниците за саемот се купуваат на самиот влез на хотелот по цена од 200 ден за петок и 150 ден за сабота и недела. Влезниците можат да се набават и преку платформата купикартизасе.ком за посетителите кои доаѓаат од други градови е организиран превоз преку т.а Војаџер. Свеченото шоу ќе се емитува на Канал5 тв. во сабота во 21ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *