ели сааб

Заборавете на правилата: 2027 ќе биде година на невести кои сами ги диктираат модните трендови

Ако некогаш изборот на венчаница подразбираше следење на традицијата и одредени непишани правила, денес невестинската мода доживува вистинска трансформација. Современата невеста сака да биде препознатлива, оригинална и да остане доследна на сопствениот стил, дури и кога го изговара судбоносното „ДА“.

Во својата најнова модна анализа, објавена на 23 ноември, престижниот Vogue ја прогласи 2026 година за година на модно освестените невести.

Свадбата повеќе не е само романтична церемонија, туку и можност за изразување на личниот моден идентитет. Невестите сè почесто бараат инспирација од високата мода, архивските дизајнерски колекции и модните писти.

Но, што нè очекува во 2027 година?

Големото враќање на принцезата

По неколку сезони во кои доминираа минимализмот и едноставните силуети, раскошните венчаници повторно се во центарот на вниманието.

Волуменозни здолништа, нагласена половина, корсети и долги шлепови се дел од колекциите на Elie Saab, Justin Alexander, Berta и Ines Di Santo.

Современата принцеза, сепак, изгледа поинаку. Асиметричните кроеви, високите шлицови и необичните деколтеа внесуваат модерна нота во класичната силуета.

Тантелата ќе биде кралица на 2027 година

Еден од најзабележителните трендови на невестинските модни недели во Њујорк е враќањето на тантелата во речиси сите нејзини форми.

Од романтични модели со долги ракави до смели корсети со проѕирни детали, тантелата повторно станува симбол на луксуз и женственост.

Monique Lhuillier, Vivienne Westwood и Danielle Frankel покажаа различни интерпретации на овој безвременски материјал.

Венчаницата не мора да биде бела

Нежнорозовата, шампањ, путер-жолтата, па дури и црната боја стануваат алтернатива за невестите кои сакаат да излезат од традиционалните рамки.

Белата боја нема да го изгуби своето доминантно место, но невестите добиваат поголема слобода да експериментираат.

За оние кои не се подготвени за целосно отстапување од традицијата, обоениот вел, цветните апликации или впечатливите модни додатоци можат да бидат доволни за создавање оригинален изглед.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

Една свадба, неколку модни комбинации

Сè повеќе невести не се ограничуваат на само една венчаница.

Раскошен модел за церемонијата, полесна креација за првиот танц и краток, впечатлив фустан за забавата се комбинација која станува сè поприсутна во светот на свадбената мода.

Практично решение се и венчаниците со отстранливи ракави, здолништа, шлепови и наметки, кои овозможуваат трансформација на изгледот без целосно пресоблекување.

Гламурот од минатото во модерно издание

Невестинските колекции за 2027 година црпат инспирација и од модата на 20-тите години од минатиот век.

Арт деко мотивите, светкавите детали, бисерите и силуетите со спуштена половина повторно добиваат свое место во модерната свадбена естетика.

Истовремено, тридимензионалните цветови, скулптуралните форми и необичните текстури ја претвораат венчаницата во своевидно уметничко дело.

Светските невестински трендови пристигнуваат и во Скопје

Македонските невести ќе имаат можност да се запознаат со актуелните тенденции на јубилејното, 15. издание на Wedding Expo Skopje, кое ќе се одржи од 19 до 21 февруари 2027 година во хотелот „Александар Палас“.

Под мотото „Crystal“, тридневниот настан ќе понуди модни ревии, презентации на невестински колекции и директни средби со домашни и регионални професионалци од свадбената индустрија.

Јубилејот на Wedding Expo Skopje доаѓа во година во која и магазинот „Во Бело“ одбележува две децении постоење и следење на свадбената мода.

А ако постои едно модно правило што ќе ја обележи 2027 година, тоа е дека невестата не треба да изгледа како сите други.

Таа треба да изгледа како најубавата верзија на самата себе.

Wedding Expo Skopje 2027
19 – 21 февруари | Александар Палас
Влезници на www.mktickets.mk

About The Author