Планирате венчавка во 2020? Заокружете го овој датум 21-23 февруар. 10ти јубилеен Саем за Венчавки

Најпрестижниот настан во светот на венчавките по 10ти пат ќе се одржи во х.Александар Палас во периодот од 21 до 23 февруар 2020г. во организација на интернет магазинот Во Бело. Најдобрите од свадбената индустрија ќе бидат на едно место.

Над 55 изложувачи на идните младенци ќе им помогнат во организирањето на најубавиот ден. Спектакуларни венчаници, волшебни чевли, декорации на граница на имиганарното, торти, накит, фотографи, ресторани, машки одела, свадбени подароци, козметика и модни додатоци се само дел од понудата на 10тиот Wedding Expo Skopje.

Она што сигурно највеќе ги интересира идните невести е изборот на венчаница. На таа тема оваа година имаме и најголема понуда. Најдобрите наши дизајнери со нетрпение ве очекуваат за да ви ги претстават новите колекции на венчаници за 2020 год. Но освен домашните дизајнери на саемот ќе имате можност да ги видите и пробате венчаниците од неколку светски дизајнери.

Посетителите ќе имаат можност сабота и недела да присуствуваат на десетина модни ревии, а најсреќните посетители ќе си заминат со богати награди.

За Дополнителни информации пишете ни меил на vobelo.com@gmail.com contact@vobelo.mk tel 071 45 25 60