Со прстен и померанец ја побара за жена! Свадба на неделата за Кате и Тони

Кате и Тони се нашиот свадбен пар на неделата. Таа е позната каратистка, а воедно и тренер со свој клуб Карате Клуб Гостивар, а Тони е романтичен маж кој знаеше да го освои нејзиното срце.

На денот на годишницата од нашата врска со прстен и мало кученце померанец тој ме запроси…прва љубов и прекрасна романтика на која ос задоволство кажав Да.

Прекрасниот есенски амбиент во близината на Мавровското Езеро во иделаен спој на неизмерна љубов за добитна животна комбинација на Кате и Тони. Фотографиите се ремек дело на мајсторот во својот занает Панајоти Шапкаров.