Дали е ова за верување? Една жена споделила на својот профил на ТикТок дека одлучила да го чека првиот бакнеж до денот на нејзината венчавка. Нејзиното момче, сега сопруг, ја поддржало нејзината желба и ја уверило дека вредело да се чека.
– Сакав нашиот прв бакнеж да биде на денот на свадбата, а кога му го кажав тоа ми рече ‘вредиш да чекам!’“ – напишала таа во насловот на видеото.
Својот посебен ден младенците го прославиле со најблиските пријатели и семејството, а бракот го запечатиле со првиот бакнеж, кој веднаш бил „фатен“ на фотографија.