April 16, 2024

Ведрана-саем за венчавки-пепика атеље

Насмеана, ведра, грациозна и преубава Ведрана ги освои срцата на многуте гости кои присуствуваа на отворањето на 10иот саем за венчавки. Ведрана носеше венчаница од Пепика Атеље која е наш редовен учесник на Wedding Expo. Новата колекција на Пепика им донесе радост на многуте идни невести кои го преполнија нејзиниот штанд.