April 19, 2024

Врвната македонска дизајнерка Моника Коцарева(Атеље Коварева) својата нова колекција на венчаници и свечени тоалет ќе ја претстави на саемот за венчавки Wedding Expo Skopje од 10-12 март во х.Александар Палас. Моделите на ова престижно атеље се едни од најбараните на нашиот пазар, па така бројни невести гордо го прославија најубавиот ден токму во нејзини модели. Голем број на македонски ѕвезди исто така често се појавуваат во нејзини модели на разни свечености. Последна во низата на познати кои носеа венчаница од ова атеље е пејачката Викторија Лоба. Посетителите на саемот ќе имаат единствена можност да ја видат, пробаат новата колекција, а со лични совети и да се консултираат со дизајнерката. Се разбира доколку аплицирале за нашата шопинг картичка ќе можат да добијат и попуст. Горди на нашите саемски изложувачи…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *