May 16, 2024

Женско запросување??? Тоа го направила и Сукмин Гарча (27), која го запросила своето младо момче Шираз Брар (27) и емотивниот момент од запросувањето го споделила на „ТикТок“.

„Отсекогаш сум била отворена за нови работи, вклучувајќи ја и идејата да го запросам моето момче“, изјавила Сукмин.

„Точно, на почетокот бев доста нервозна, но го чекав вистинскиот момент да го направам тоа“.

Иако момчето било воодушевено поради понудата за брак која ја добило од својата сакана, следбенициите на храбрата Сукмин ја „растргнаа“ во коментари.

„Добив многу негативни реакции, првенствено од жени“, вели Сукмин за своето искуство.

„Ми пишуваа дека немам ни грам самопочит или дека попрвин би умреле, отколку да го запросат партнерот. Имаше и такви кои коментираа дека мојот иден сопруг не изгледа среќно“.

Од друга страна, како што вели таа, момците во коментари ѝ пружиле поддршка.

Иако била принудена да чита многу навредливи реченици, Сукмин ги охрабрува девојките да тргнат по нејзините стапки ако сакаат да ја поткренат својата емотивна врска на повисоко ниво.

„Само затоа што има малку девојки кои го запросиле своето момче, тоа не значи дека тој чин е погрешен. Ние сме дел од нови генерации и можеме да изградиме општество во кое не постојат родови стереотипи“, смета оваа девојка.

Нејзиниот партнер, сега вереник, исто така го искоментирал изненадувањето кое му го приредила Сукмин.

Тој објаснил дека двајцата одамна се договориле да се венчаат, но дека сепак му е мило што таа прва го замолила да го поминат остатокот од животот заедно и договорила романтично запросување покрај море.

@sukhmingarcha

We both proposing and we both winning, you mad? #vancouver #fyp

♬ original sound – jasminedowling

„Ја имам најневеројатната сопруга!“, воодушевено искоментирал идниот младоженец.

„На сите им посакувам такви силни жени кои ги рушат стереотипите и бариерите!“.

Идната госпоѓа Брар испратила силна порака до сите, особено до оние кои биле немилосрдни кон неа на социјалните мрежи:

„Во свет каде што има толку многу негативност, треба да одлучиме да шириме добрина и љубов“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *