April 25, 2024

Во Македонија имаме многу убави свадбени адети кои за жал веќе и не се практикуваат како што се практикувале.

Често младите и не знаат кои адети треба, а и како да ги практикуваат. Но она што е заедничко за сите обичаи е верувањето во среќа и традиција.

Во овој текст ќе ви наброиме неколку свадбени адети кои се од различни краеви но се вистински носители на нашето културно богатсвто.

На денот

-На ден пред свадбата се меси леб за среќа на младенците. Ова го прави девојка од страната на невестата.

-Во четврток се кити куќата и се става венец на портата. Венецот треба да стои една година.
-Кога доаѓаат сватовите по невестата, две девојки стојат на влезот и ги китат гостите со китенки.

Мажите одат на лева страна, а жените во десна. Обичај е на девојките да им се даде некоја пара.

-Сватот и Кумот влегуваат први во куќата на младоеженцот играат оро, пеат и потоа тргнуваат по невестата.

-Пред вратата каде е сместена невестата, стојат машки членови од нејзинотот семејство. Нивната задача е да не го пуштаат младоженецот да влезе додека не плати, колку и тој да е упорен да влезе.
-Кога за прв пат ќе ја види во венчаница, момчето треба три пати да ја бакне невестата.
-Кога момчето доаѓа по невестата, таа стои на прозор и го гледа низ прстенот. Во тие моменти треба три пати да изговори: “Низ прстен те гледам во срце да ти влезам”

-Кога сватовите, кумот и деверот ќе влезат, една немажена девојка од невестинската страна на деверот му врзува машна на раката. Кога ќе го врзе, кој е побрз или таа нему шамар или тој нејзе да ја бакне.
-Деверот ги носи чевлите за невестата кои секогаш се малку поголеми, празнината се пополнува со пари-(откуп)
-Невестата ги дарува со подароци кумовите, старосватовите, свекорот, свакрвата, деверот и золвата.
-Младоженецот во куќата на невестата треба да изпие чаша црно вино, а на дното треба да има златник (благосотојба)
-Над главата на невестата се крши погача, за среќа.
-Таткото ја изнесува невестата од куќата со оро и песна, Цреша се од корен корнеше…
-Во црква кумот носи платно со кое се врзуваат рацете на младенците, колку јазли толку деца.
– Кога се излегува од црква свекрвата фрла ориз, бомбони и ситни пари кои треба да ги соберат децата (просперитет и богатство)

Културно наследство

А вие  и не морате да ги направите сите адети, но направете барем неколку, за да се сочува културното наследство и традицијата да ни остане жива. Секако ако знаете некаков адет пишете ни го, а ние со задоволство ќе го објавиме.