May 15, 2024

Биљана Каран е една од нашите најистакнати модни дизајнери со долгогодишно искуство, школувана во Италија, со бројни ревии и едиторијали од своите колекции во и надвор од Македонија, успешни соработки со нашите најпознати естрадни звезди и бројни презентации и колекции во интернационалните и локалните медиуми .

По неколку годишно отсуство од македонска модна сцена Каран повторно во Скопје со екслузивна колекција накит и аксесоари за коса како и најновата колекција венчаници која премиерно се покажа на саемот за венчавки.
Колекцијата брои триесетина модели и секој е приказна за себе.

Покрај колекцијата венчаници ке може да ги погледнете и украсните венчиња, тиари, круни, украсни шноли, чешлиња, укосници и накит дизајниран токму за вакви свечени прилики, кои совршено ке го надополнат Вашиот изглед без разлика дали сте звезда на вечерта или гостин. Селекција на вечерни тоалети од дизајнерката исто така ке бидат изложени на овој саем. www.biljanakaran.com www.neamoda.com