wedding expo skopje
САЕМ НА ВЕНЧАВКИ – МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЗАПОЧНУВА ВАШАТА СВАДБЕНА ПРИКАЗНА
Февруари + љубов + Нокаут = настан што не се пропушта ако планираш свадба
Најголемиот и највлијателен саем на венчавки повторно по 14ти пат ги отвора вратите и носи три дена (20ти до 22 ри февруари во х.Александар Палас) исполнети со инспирација, љубов и сè што ви е потребно за совршен свадбен ден.
Свечено отворање – петок вечер
Отворањето ќе биде вистински спектакл со настап на Нокаут, ексклузивна модна ревија „Познатите во венчаници и костуми“, како и настап на гудачкиот оркестар на Пламенка Трајковска, кој ќе ѝ даде свечен и емоционален тон на вечерта.
👰🤵 Над 1.000 венчаници од најновите колекции
Посетителите ќе имаат можност да видат, пробаат и одберат венчаници од најновите светски и домашни колекции, како и костуми, аксесоари и комплетни свадбени комбинации – сè на едно место.
💍 Сè за свадба – на едно место
Од венчаници и костуми, бурми и накит, декорации, фотографи и видеографи, музика, торти и кетеринг, па сè до меден месец – саемот нуди целосно решение за организација на свадбата, без стрес и губење време.
💳 Дигитална свадбена шопинг картичка
Идните младенци ќе можат да аплицираат за дигитална шопинг картичка, со која ќе добијат ексклузивни саемски попусти, поволности и подароци од изложувачите.Пријавување на меил со датум на свадба и име презиме vobelo.com@gmail.com
🎁 Саемски попусти и вредни награди
Како и секоја година, посетителите ги очекуваат специјални саемски попусти и подароци – потсетуваме дека минатата година беше доделено и свадбено патување во Дубаи.
🎟 Влезници
Цената на влезницата е 200 денари.
Картите се веќе пуштени во продажба преку karti.com, а ќе можат да се купат и на билетарата на самиот влез на саемот.
🕒 Работно време
• Петок: 18:00 – 23:00
• Сабота: 10:00 – 20:00
• Недела: 10:00 – 19:00
✨ Ако планирате свадба, ова е настанот што не смее да се пропушти.
Започнете го патувањето кон вашиот совршен ден – на саемот на венчавки.
11 thoughts on “Февруари пишува љубовни приказни:Нокаут, познатите во венчаници и свадбен спектакл на Саемот за Венчавки”
Comments are closed.