April 25, 2024

Момче на оригинален начин одлучи да ја запроси својата девојка.

Како што објавија од нуркачкиот тим „Акватек” запросувањето се случило на дното на Охридското Езеро каде момчето го оставило сандачето во кое се наоѓал прстенот и ја повикал девојката да нуркаат.

На видеото се гледа како Александар и Матеја се спуштаат на дното на езерото, каде го отклучуваат ковчежето во кое стои прстенот, а Александар со мимики ја прашува Матеја дали сака да се омажи со него, по што таа прстенот го става на рака.

Погледнете го видеото: