April 25, 2024

Сéleste е магичниот прав кој ја подига забавата на друго ниво, the final touch или јаготката на шлагот, токму она што им е потребно на сите кои размислуваат за свадба или имаат функција на свадбена прослава.

Нашите свадбени колекции се фокусираат на модерната невеста, па оттаму и слоганот Only for the modern bride. Кога велиме модерна невеста мислиме на личност која сака да го инкорпорира својот личен стил во секој сегмент од својата венчавка, да се разликува од останатите и да остави силен впечаток. Не ги забораваме и младоженците, тие се подеднакво важни за нас, па затоа дел од нашата колекција е наменет токму за нив.

Секоја нарачка и секој модел се изработува со многу љубов и посветеност, од самата идеја до пакувањето и доставата на нарачките – сè е изработено “како за себе”. Постоиме за да ги израдуваме нашите

клиенти, но и да ги натераме гостите да се воодушеват од креативноста која стои зад изработката.

Изработка на покани, бонбони и свеќи за во црква, бонбончиња за во ресторан, венци, декорации, перниче за бурми, изнајмување на декорирани корпи за

бонбончиња, ѕид за чаши за шампањ/вино и се што е поврзсно со естетско разубавување на просторот на вашата свадбена прослава.

Можеме да ја реализираме речиси секоја Ваша замисла, а цените на нашите модели се формираат во зависност од вашиот избор и буџет. Нудиме по нешто за сечиј вкус, но особено сме горди на тоа што можеме да кажеме дека додаваме нешто што е незаменливо – префинетост и елеганција. Сéleste ќе бидат дел од 11от Саем за венчавки каде ќе можете директно да договорите и изберете што ви е неопходно за најубавиот ден.

Во прилог дел од нашите продукти:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *