Саем за венчавки

Саем за венчавки

 

Една венчаница веќе не е доволна: невестите во 2027 ќе се пресоблекуваат и по три пати

До пред неколку години, кога ќе се кажеше „венчаница“, се мислеше на една. Таа главната. Таа со која се влегува во црква или матично, се прават фотографиите, се игра првиот танц и се останува до крајот на свадбата.

Во 2027, таа приказна малку се менува.

Сè повеќе невести сакаат да имаат повеќе од еден изглед во текот на свадбениот ден. Една венчаница за церемонијата, друга за веселбата, а понекогаш и трет, пократок и поопуштен модел за доцните часови и журката.

Светлана Црнокрак-Жана Атеље
Светлана Црнокрак-Жана Атеље

И реално, има логика.

Денешните свадби одамна не се само „венчавање и ручек“. Има фотографирање, церемонија, коктел, свечен влез, прв танц, вечера, забава, after-party… а невестите сакаат во секој дел да се чувствуваат убаво, но и удобно.

Првата останува – таа вистинската венчаница

Главната венчаница и понатаму ја има најголемата тежина.

Тоа е фустанот за церемонијата, за влезот, за семејните фотографии и за оние кадри што ќе останат засекогаш.

Кај трендовите за 2027 повторно има многу женствени силуети, корсети, тантела, драматични здолништа и вел, но паралелно со нив се појавуваат и почисти линии, slip модели и поедноставни кроеви.

Сара Мејс-Атеље Соња Марија
Сара Мејс-Атеље Соња Марија

Втората е за танцување

Тука почнува најинтересниот дел.

Откако ќе заврши свечениот момент, сè повеќе невести сакаат да се пресоблечат во нешто полесно.

Тоа може да биде кратка бела венчаница, сатенски slip фустан, бел костум, корсет со здолниште или модел со светки и реси.

Причината не е само модна.

Во тешка венчаница со долг шлеп не е баш најлесно да се игра до три сабајле.

А2 Атеље
А2 Атеље

А третата комбинација е веќе чисто за мерак

Кај дел од невестите, особено на поголеми свадби, има и трет изглед.

Тоа е моментот кога формалноста завршува и почнува вистинската журка.

Мини фустан, бел комбинезон, панталони, нешто со кристали или едноставно парче кое повеќе личи на вечерна мода отколку на класична венчаница.

И токму тука е суштината на новиот тренд.

Невестата веќе не мора цела вечер да изгледа исто.

Мина Блажев кажа „да“ и заблеска во кратка бела венчаница од атеље Соња и Марија
Мина Блажев кажа „да“ и заблеска во кратка бела венчаница од атеље Соња и Марија

Дали тоа значи дека свадбата станува поскапа?

Не мора.

Втората и третата комбинација не мора да бидат уште две скапи венчаници.

Многу често тоа може да биде добро избран бел фустан, костум или модел што може да се носи и по свадбата.

Значи, не е поентата да се купат три венчаници.

Поентата е невестата да има три различни моменти и три различни расположенија во еден ден.

Wedding Expo Skopje 2027 – 15 години љубов, стил и инспирација.

И токму ова очекуваме да го гледаме и на Wedding Expo Skopje 2027

Од 19 до 21 февруари 2027 во Александар Палас, на јубилејното 15-то издание на Wedding Expo, повторно на едно место ќе бидат дизајнери, салони за венчаници, машки костуми, накит, декоратери и сите што ја креираат свадбената слика.

А ако трендовите што веќе се најавуваат продолжат, многу веројатно е идните невести да не бараат само „една венчаница“.

Ќе бараат:

една за моментот кога ќе кажат „да“,
една за првиот танц,
и една за да можат навистина да се забавуваат.

Можеби затоа прашањето за невестите во 2027 веќе нема да биде:

„Која венчаница ја избра?“

Туку:

„Колку комбинации имаш за свадбата?“

 

 

About The Author