Bridal-Times-Header

Досега важеше непишано правило дека раскошната венчаница задолжително бара и елегантни високи потпетици. Но светските дизајнери за 2027 година имаат поинаква идеја.

Балетанки, нежни рамни обувки со ремче, па дури и проѕирни модели од мрежест материјал сè почесто се појавуваат како дел од современиот невестински изглед.

На Невестинската модна недела во Њујорк, брендовите Marrow и Honor покажаа колку добро удобните обувки можат да се вклопат во свечените комбинации.

Посебно внимание привлекуваат моделите Mary Jane, со карактеристично ремче преку стапалото. Во сатенска, бисерна или нежно бела изведба, тие прекрасно се комбинираат со кратки венчаници, фустани со миди должина, па дури и со раскошни здолништа.

Што добива невестата?

Пред сè, поголема слобода на движење.

Свадбата може да трае десетина часа, а невестата треба да стои, да се фотографира, да ги поздравува гостите и, секако, да танцува.

Но удобноста не зависи единствено од висината на потпетицата. Важни се квалитетот на изработката, мекоста на внатрешниот дел и правилната големина.

И кај нас веќе се забележува желба за поинакви невестински обувки. На „Во Бело“ претходно пишувавме за персонализираните свадбени патики на BUKET, фирма што е дел од нашите изложувачи на Wedding Expo.

Штиклите паѓаат во втор план: Невестите полудеа по custom патики со бисери, кристали и иницијали“.

Новите светски трендови дополнително ја потврдуваат идејата дека невестата има право да избере обувки во кои ќе се чувствува убаво и сигурно.

Високите потпетици, се разбира, нема да исчезнат. Но во 2027 година најелегантната невеста можеби ќе биде токму онаа што ќе прошета во балетанки.

About The Author