rijana

Додека светот полека се подготвува за новогодишните празници, Ријана реши малку да ја подигне температурата. Славната пејачка се појави во провокативно издание за новата празнична колекција на својот бренд Savage X Fenty, а фотографиите за кратко време го привлекоа вниманието на нејзините многубројни обожаватели.

На 38 години, Ријана повторно покажа дека совршено знае како да привлече внимание.

Наместо во традиционалните божиќни џемпери и пижами, пејачката позираше во црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте, танга и високи проѕирни чорапи.

Комбинацијата ја надополни со црни високи потпетици, а за празничната атмосфера се погрижи сценографијата со украсени елки, подароци во сребрена хартија и големи розови и црвени панделки.

На дел од фотографиите Ријана позира свртена со грбот кон камерата, нагласувајќи ги деталите од новата колекција.

„Затоа што заслужувате нешто дополнително оваа празнична сезона“, порача пејачката во описот на објавата.

Нејзините следбеници веднаш реагираа со бројни комплименти и пофалби за изгледот.

 Кога си Ријана, не ти треба манекенка за реклама

Пејачката го основа Savage X Fenty во 2018 година и оттогаш успешно го развива брендот.  Препознатлив по смелите модели на долна облека и разновидноста на женските фигури што ги претставува во своите кампањи.

Самата Ријана често е главното лице на новите колекции, а нејзините фотографии редовно предизвикуваат големо внимание на социјалните мрежи.

Интересно е што претходно оваа есен таа учествуваше и во сосема поинаква празнична кампања. Заедно со своите три деца позираше во семејни новогодишни пижами, покажувајќи ја понежната, семејна страна на брендот.

 Нов албум сè уште нема, но модните изненадувања не престануваат

И додека нејзините музички обожаватели со години чекаат нов албум, Ријана продолжува да гради успешна деловна кариера во светот на модата и козметиката.

Нејзиниот последен студиски албум „Anti“ беше објавен во 2016 година, а во меѓувреме пејачката стана едно од најпознатите имиња и во индустријата за убавина.

Судејќи според најновата кампања, Ријана нема намера да дозволи празничната сезона да помине незабележано.

А за оние што сè уште не одлучиле што да облечат за Нова година, таа очигледно има прилично смел предлог.

About The Author