шарл леклер

Еден од најпопуларните возачи во Формула 1, Шарл Леклер, има посебна причина за славење. Неговата сопруга Александра го роди нивното прво дете, девојче кое го доби прекрасното име Бјанка.

Среќната вест двојката ја сподели на Инстаграм, објавувајќи нежна фотографија од малите стапала на новороденчето, облечено во розови плетени панталончиња и светли обувки.

„Бјанка. 3.11.2026“, напишаа гордите родители, откривајќи го името и датумот на раѓање на нивната ќерка.

Објавата веднаш предизвика лавина честитки од обожавателите, пријателите и луѓето од светот на Формула 1.

Од романтична свадба во Монако до првото бебе

Шарл Леклер и Александра Сен Мле се во врска од 2023 година, а во ноември 2025 година ја објавија свршувачката.

Во февруари годинава се венчаа на интимна церемонија во Монако, далеку од големата медиумска помпа. Александра во елегантна венчаница, а Шарл во светол костум, привлекоа огромно внимание со свадбените фотографии.

Посебен шарм на нивната љубовна приказна ѝ даде и нивното куче Лео, кое имаше улога во запросувањето. На неговиот околувратник стоела пораката: „Тато сака да се ожени со тебе!“

Александра, која важи за една од најстилските жени во светот на Формула 1, често го придружува својот сопруг на трките, привлекувајќи внимание со своите модни комбинации.

Формула 1 ќе почека, дома пристигна Бјанка

Иако 29-годишниот возач на Ферари има исклучително напорен распоред, неодамна изјави дека ќе се обиде да поминува што повеќе време со семејството.

Пред него е тркачкиот викенд во Бразил, но овојпат најважниот настан се случи далеку од патеката.

Шарл Леклер освои бројни подиуми и победи во кариерата, но на 3 ноември ја доби титулата која за него сигурно ќе има посебно значење – стана татко.

А малата Бјанка веќе го освои вниманието на милиони луѓе ширум светот.

About The Author