Le Défilé на L’Oréal Paris, Кендал Џенер

Le Défilé на L’Oréal Paris, Кендал Џенер

Кендал Џенер го прослави својот 31. роденден во друштво на некои од најголемите светски ѕвезди. Забавата во Лос Анџелес беше вистински маскенбал, а меѓу гостите се најдоа Леонардо ди Каприо, Хејли Бибер, Кара Делевињ и бројни познати личности.

Славната манекенка, која на 3 ноември наполни 31 година, реши роденденската прослава да ја спои со Ноќта на вештерките. На 30 октомври, во ексклузивниот „Бар Мармонт“ во Лос Анџелес, организираше забава на која познатите гости пристигнаа во внимателно осмислени костими.

Посебно внимание привлече Леонардо ди Каприо, кој се маскираше во лошиот волк, додека неговата девојка Виторија Черети ја избра улогата на Црвенкапа.

Кендал, пак, се инспирираше од култниот филм „Париз, Тексас“ од 1984 година. Со кратка руса перика, впечатлив розов мини-фустан и црни хулахопки, таа го оживеа ликот на Џејн Хендерсон, кој во филмот го толкува Настасја Кински.

Во филмската приказна ѝ се придружи и актерот Џејкоб Елорди, кој се појави како Тревис Хендерсон. Нивниот заеднички избор на костими дополнително го привлече вниманието на јавноста.

Меѓу гостите беа и пејачките Чарли Екс-Си-Екс и Тејт Мекреј, како и бројни личности од модната и забавната индустрија.

Најемотивната честитка пристигна од Кајли

Покрај гламурозната прослава, роденденот го одбележаа и семејните пораки.

Нејзината помлада сестра Кајли Џенер објави фотографии од нивното детство, придружени со емотивна честитка:

„Јас сум тоа што сум благодарение на она што ти си била за мене. Среќен роденден на мојата сестра засекогаш“, напиша Кајли.

На честитките се приклучи и нивната мајка Крис Џенер, која порача дека е горда на професионалните успеси на својата ќерка, но уште повеќе на личноста во која таа пораснала.

Кендал, која светската јавност ја запозна како девојче во реалното шоу за семејството Кардашијан, денес е една од најпрепознатливите манекенки во светот.

А судејќи според овогодишната прослава, во семејството Кардашијан-Џенер родендените и понатаму се одбележуваат со многу мода, славни гости и малку холивудска екстраваганција.

About The Author