NfTKYtNttTF7LNlHVM5nMns3uyEO0rUOWt6_YvOvqHA2bTyoFgPRKZRRc2DMS3Ygu0d39ChH9yaA3GWaAL3Unegb4HdN4apd0IB7R9mOVxuzDN1lMnMwt7Rb2eW-dvNtIA7zFdDNag8BRf_CxLPjYupUwLtAH95cPsOT8gt5YZUIh6DqhqsN93jTZNU2iOUU

Историја на Мис Универзум: Мажена жена и мајка за првпат ја освои најпосакуваната круна на светот

Џенифер Барето, 27-годишна убавица од Порторико, е новата Мис Универзум 2026. Нејзината победа на јубилејното, 75. издание на престижниот избор за убавина означува и почеток на едно ново поглавје во неговата историја.

На спектакуларната церемонија, одржана синоќа во Сан Хуан, во конкуренција на 116 претставнички од различни земји и територии, Барето ја освои круната пред домашната публика.

Круната ѝ ја предаде минатогодишната победничка, Фатима Бош од Мексико, а со нејзиниот триумф Порторико ја запиша шестата победа во историјата на натпреварот.

Мајка, сопруга, психолог и кралица на убавината

Она што ја прави нејзината победа особено значајна е фактот што Џенифер е првата мајка во 75-годишната историја на Мис Универзум која успеала да ја освои титулата.

Таа е психолог и социјален работник, а во приватниот живот е сопруга и мајка на девојче по име Пенелопе.

Нејзиниот успех доаѓа по промената на долгогодишните правила на натпреварот, со кои и на мажените жени и мајките им беше овозможено да се натпреваруваат за престижната титула.

Со својата победа, Барето испраќа силна порака дека бракот и мајчинството не треба да бидат пречка за остварување на личните амбиции.

Круна со 3.150 дијаманти

Посебно внимание привлече и новата круна, наречена „The Radiance of an Eternal Legacy“.

Изработена од 18-каратно бело злато и украсена со 3.150 дијаманти, таа е создадена во соработка меѓу дизајнерот Џорџ Вителс и Maison d’Or.

WEDDING EXPO SKOPJE 2027 – ТРИ ДЕНА МОДА, ГЛАМУР И ГОЛЕМ СВАДБЕН СПЕКТАКЛ!

 

Меѓу петте најдобропласирани убавици, покрај победничката, се најдоа и претставничките на Филипините, Нов Зеланд, Венецуела и Доминиканската Република.

Јубилејното издание донесе гламурозни вечерни тоалети, раскошни национални костими и музички настапи, но најголемиот впечаток го остави историскиот момент на крунисувањето.

По 75 години постоење, Мис Универзум доби победничка која ја менува традиционалната претстава за кралицата на убавината. Жена која истовремено гради кариера, семејство и ги остварува своите соништа.

About The Author