John-Travolta-Ella-Bleu-Travolta-44th-Torino-Film-Festival-2026-a529fbc865f1495d87a21f4931ffb10d

Холивудската легенда Џон Траволта и неговата 26-годишна ќерка Ела Блу беа меѓу највпечатливите гости на свеченото отворање на 44. Филмски фестивал во Торино. Таткото и ќерката се појавија во модно усогласени црни комбинации, демонстрирајќи како изгледа безвременската холивудска елеганција.

На свечената церемонија, одржана на 24 ноември во театарот „Реџо“ во Торино, особено внимание привлече младата актерка, која сè поуспешно гради сопствена кариера во светот на филмот.

Ела Блу Траволта избра долг црн фустан со силуета на сирена, со проѕирни детали и тридимензионални цветни апликации кои ја нагласија женственоста на креацијата. Софистицирано модно издание во кое се спојуваат класичниот холивудски гламур и современата вечерна мода.

Нејзиниот 72-годишен татко, пак, се одлучи за црн костум, кошула со карнери, црни ракавици и очила со тркалезна рамка, внесувајќи доза на театралност во својот изглед.

По стапките на славните родители

Ела Блу е ќерка на Џон Траволта и на покојната актерка Кели Престон, која почина во 2020 година.

Иако порасна во едно од најпознатите холивудски семејства, младата актерка постепено го гради својот професионален идентитет, а со своите јавни појавувања привлекува внимание и во модниот свет.

Присуството во Торино има и посебно професионално значење за таткото и ќерката. Ела е дел од актерската екипа на филмот „Propeller One-Way Night Coach“, со кој Траволта го остварува своето режисерско деби.

На отворањето на фестивалот, славниот актер го доби и признанието „Stella della Mole“, а публиката го поздрави со стоечки овации.

Ова не е првпат таткото и ќерката да се појават во модно усогласени комбинации. Во мај годинава, на Канскиот филмски фестивал, двајцата исто така се одлучија за елегантни црни креации.

Ела Блу полека излегува од сенката на славното презиме и покажува дека, покрај актерскиот талент, има и изразено чувство за мода.

А нивното последно појавување во Италија е уште една потврда дека црната боја никогаш не излегува од мода.

About The Author