Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 23 февруари се отвора традиционалниот Саем за Венчавки “Wedding Expo24”. Ова ќе биде 12то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 23ти во 18ч. а ќе трае до 25ти недела до 18ч.
На настанот ќе земат учество голем број на изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки итн) односно се што е неопходно за организирање на свадбената прослава.
Саемот е од изложбено продажен карактер, па така идните младенци ќе имаат можност да ги видат, пробаат и купат своите венчанци, костуми, бурми, да договорат термин за свадба, да букираат бенд, да си обезбедат покани и декорација, фотограф, да пронајдат уникатни подароци за девериците, кумовите и др.

Богатата програма започнува во петок со модната ревија на “Познатите во венчаници и костуми”. Посетителите ќе имаат можност да видат многу познати ликови како модели на венчаници и костуми. 









Организатор на настанот е интернет порталот за културата на венчавките www.vobelo.mk contact@vobelo.mk

