October 15, 2024
Соња Савевска за атеље Соња-Марија

Соња Савевска за атеље Соња-Марија

Традиционалниот саем за венчавки “Wedding Expo Skopje” по 12ти пат ќе се одржи во Александар Палас во периодот од 23 до 25 февруари. Над 40тина изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија ќе ни покажат какви се трендовите за 2024 год.

Анѓела Јакимовска за атеље Жана брајдл
Анѓела Јакимовска за атеље Жана брајдл

Најдобрите дизајнери на венчаници своите нови колекции ќе ги представат токму на саемот, а идните невести ќе можат да ги видат, пробаат и секако да ги купат. Секако имаме изложувачи кои и младоженецот (кумот и др.) ќе го скоцкаат од глава до петици, а потоа заедно со невестата да си одберат бурми и накит.
Миро Г-Карпет за Тивес1
Миро Г-Карпет за Тивес1
Гостите нема да знаат за вашата свадба доколку уредно не ги поканите, а за поканите ги имаме на саем најдобрите. Ви треба ресторан, кетеринг, ќе правите свадба на отворено, секоја ваша идеја ќе биде реализирана од најдобрите декоратери и кетеринг евент фирми кои ќе бидат дел од саемот. Секако на свадба без подарок не се оди, па така со уникатни подароци ќе можете да им го развеселите најубавиот ден на идните младенци. И убавите спомени знаат да бледнеат доколку не ги овековечиме со фотографија и видео, а за тоа на саемот ќе се погрижат професионалците од неколку фото студиа. Ќе се изненадите колку инвентивни идеи има кои ќе ви послужат свадбата да ви биде перфектна, не се грижите доколку на свадбата роднините и пријателите ви дојдат со мали деца, решението ќе го видите на саем. Ви треба музика? Со свој настап и изложбен простор на саемот ќе се запознаете и договорите со неколку музичари и бендови кои ќе ги ислушаат вашите желби и ќе направат се вашата свадба да биде незаборавна.
Саемот се отвора за посетители во петок во 18ч. а оние кој ќе го одберат петок за посета ќе имаат можност да бидат дел и од свеченото отворање во 22ч30мин. Отворањето ќе започне со настап на Пламенка Трајковска и нејзиниот гудачки оркестар, а ќе биде вистинско уживање настапот на Трио Џентлмен. Шлаг и цреша на тортата секогаш е спектакуларната ревија на “Познатите во венчаници” каде на гламурозната бина ќе продефилираат дваесетина познати естрадни ликови (глумици,водителки, инфлуенсерки итн.) во венчаници, костуми и накит.
Лила Филиповска за Адор Голд

Ангелина Китановска за Ла Маисон Цецет

Сара Дамчевска за Преддраг Дјукниќ-Дјук
Марјана како модел за White Angels-Monica Loretti
Кристина Димитри за Миа Миа

Ева Јовевска-Бекстејџ за Атеље Сониа
Сето тоа ќе го зачиниме и со шампањ, а водителка на настанот ќе биде Сања Савевска (брза кујна).
Соња Савевска за атеље Соња-Марија
Соња Савевска за атеље Соња-Марија
Сабота и недела саемот е отворен од 10 до 20ч, а недела до 19ч. Богатата програма ќе продолжи и овие два дена, а освен прошетката по штандовите во трите хали на Палас ќе можете да уживате и во неколкуте индивидуални ревии и музички настап на повеќе бендови. Секако за посетителите ќе има специјални награди кои ќе им овозможат убав попуст кај нашите изложувачи. Влезниците за саемот чинат 150 ден. и можат да се набават на самиот влез на хотелот или на платформата www.kupikartizase.com
Настанот традиционално го организира Во Бело.
contact@vobelo.mk
https://www.instagram.com/vobelo/
@vobelo fb insta
https://www.threads.net/@vobelo