May 13, 2024

Саемот за венчавки е сигурно најдоброто место за решавање на сите свадбени слатки грижи. Вообичаено најслатката грижа за секоја идна невеста е изборот на венчалниот фустан, а за нејзините деверици, кума, старосватица, свекрва, мајка итн.. грижата е да го пронајдат совршениот свечен фустан.

Се разбира тука е и младоженецот, кумот и др. а за нив ќе има одлична понуда на костуми и обувки.

Миро Г-Карпет за Тивес
Миро Г-Карпет за Тивес
Ние сме сигурни дека Саемот ќе ви го реши овој проблем. Оваа година изборот е навистина најголем досега, врвните наши дизајнери од цела Македонија но и еминентни странски брендови ексклузивно ќе ги претстават своите нови колекции на 12тиот саем за венчавки, а дел од нив ќе настапат и со индивидуални модни ревии.

Саемот традиционално ќе се одржи во х.Александар Палас од 23-25 февруари, а влезниците ќе можат да се набават он лајн и на самиот влез на хотелот.

Но на саемот ќе има многу повеќе од венчаници и костуми. Најдобрите декоратери, фотографи, накит (бурми), покани, козметика, ресторани, обувки, подароци, музички бендови, односно се што е неопходно за вашиот ден да биде совршен.

Импакт Груп

Саемот традиционално се отвора со свечената ревија “познатите во венчаници” а водител и домаќин на настанот оваа година ќе биде прекрасната Сања Савевска (Брза Кујна)

Соња Савевска за атеље Соња-Марија
Соња Савевска за атеље Соња-Марија

А саем не би бил саем доколку нема и саемски попусти, па така со нашата шопинг картичка која ја добивате бесплатно од нас ќе можете да си обезбедите попуст кај нашите изложувачи во текот на сезоната, а се што треба да направите е да ни пратите мејл на contact@vobelo.mk vobelo.com@gmail.com.