April 25, 2026
елена ристевска-wedding expo skopje

Македонската поп ѕвезда Елена Ристевска можеби наскоро повторно ќе ја видиме во венчаница.

Дознаваме дека датумот е 21ви февруари, а причината не е свадба туку настап на отворањето на саемот за венчавки “Wedding Expo Skopje25‘”
Веќе ве информиравме дека вратите на саемот се отвараа за посетителите во 18ч., а оние кои ќе одберат да не посетат во петок и останат до 22 и 30 ќе имаат можност да уживаат во музичкиот и сценски настап на Елена како дел од гламурозната ревија “Познатите во венчаници и костуми”.

Дали Елена ќе носи венчаница или ќе изненади со друг стајлинг сеуште не знаеме, но сме сигурни дека ќе биде спектакуларно.
Она што го знеме е дека во петок на сцената ќе продефилираат 30тина познати личности од нашата естрада, а богатата програма и понудата од најдобрите во светот на свадбената индустрија ќе продолжи и во сабота од 9,30 до 20ч и недела од 9,30 до 18ч. Домаќин и водител на настанот е водителката Снеже Велков. Билетите се достапни на платформата МкТикетс (набавете ги навреме)