April 25, 2026

Организаторот на традиционалниот саем за венчавки ” Wedding Expo Skopje25′ ” за отворањето најавува вистински спектакл. Посетителите кои ќе одберат да го посетат саемот првиот ден (18ч.) ќе имаат можност да уживаат и во богатата програма која ќе се случува во вечерните часови.

Водителката и домаќин на настанот Снеже Велков ( Нешто конкретно тв. Телма). Таа ќе се погрижи да уживате во целосната програма сите три дена.

За свеченото отварање на сцената ќе ја имаме Елена Ристевска која со својот музичко сценски настап ќе го отвори саемот. На сцената Елена ќе биде придружувана од гудачкиот оркестар на Пламенка Трајковска и бело пијано.
Веднаш по настапот на Елена, на сцената ќе видиме 40тина познати македонски ликови од естрадата, облечени во венчаници и костуми дизајнирани од познати наши и светски дизајнери кои ќе бидат учесници на саемот за венчавки.

Програмата на саемот продолжува и во сабота и недела од 9,30 до 20ч. Поесетителите и во овие два дена ќе уживаат во богатата програма (ревии, настапи на бендови, презентација на невестинска шминка и фризура…) но и во најголемата понуда на венчаници, костуми, декорации, накит, обувки, фото студиа итн што ни ги обезбедија 45 различни изложувачи.

Вистински викенд празник за идните младенци и нивните најблиски, единствена можност да добиете се што ви треба за свадбениот ден и притоа да заштедите.
Саемот ќе се одржи во х.Александар Палас, а билетите за влез можете да ги набавите он лајн на www.mktickets.mk и на билетарата на влез во хотелот по цена од 200 ден ( со билетот следува подарок каталог со свадбен планер)
Напомена, не е потребна никаква резервација или пак најава за присуство