Прекрасниот пар од Кавадарци Клаудија и Трајче се нашиот свадбен пар . Тие со своите најблиски ја направија една од најубавите свадби кои се случиле во последно време. Точно пред да започне забавата, Клаудија на кратко ни ја раскажа нивната љубовна приказна.
Еве што ни кажа:

Иако и двајцата сме од Кавадарци, нашето прво запознавање се случи на концерт во Скопје. Тоа беше пред шест години, а после толку време љубовта се надгради со едно ново, возвишено поглавје – брак.
Запросувањето беше вистински магичен момент – сопругот вложи многу труд и креативност, а се случи на прекрасно место – во Охрид.
Свадбата ја закажавме за 30 мај(денес) 2025 година, во салата Ангропромет. Подготовките не беа лесни, бидејќи сакавме сè да биде совршено и со стил.
За мојата венчаница се погрижи Bianka Sposa, каде што внимаваа на секој детаљ за да изгледам беспрекорно.
Смокингот на младоженецот беше од Tives – елегантен, модерен и совршено скроен.
За незаборавните фотографии од фотосесијата во Солун и од свадбениот ден се погрижи тимот на Foto Bubo. На свадбата за прв пат во Македонија гостите наместо експрес фотографии добија специјализирани фото-букови кои засекогаш ќе ги чуваат спомените од овој прекрасен ден.
Декорацијата во салата беше дело на Giftbox.tt – Тања Толова, која навистина се потруди сè да изгледа бајковито.

За забавата, гостите прво ги пречека саксофонистот Стефан Неделковски, потоа атмосферата ја загреа Oriental Bend, а веселбата ќе трае до раните утрински часови заедно сот Ikedekoka со забавен DJ-сет.
Нашата свадба e токму онаква каква што ја сонувавме – полна со љубов, енергија и насмевки кои ќе ги паметиме засекогаш. Еве дел од фантастичната фото сесија сликана во Солун од професионалниот тим на Фото Бубо, овие денови целта приказна ќе ја надополниме и со нови фотографии и видео од вечерашната забава на Клаудија И Трајче.

Драги наши младенци нека брачниот пат ви биде исполнет со љубов, слога, меѓусебно разбирање и почит. Ве сака вашата Во Бело.






