April 25, 2026
https://vobelo.mk/123.jpg

Тајните и ритуалите на првата брачна ноќ низ историјата

Првата брачна ноќ отсекогаш имала посебно значење во различни култури и времиња. Она што денес го сметаме за интимен момент, во минатото било исполнето со правила, верувања и дури и необични ритуали.

Во Европа во XIX век постоела појава на лажно девичанство – девојките кои ја изгубиле невиноста пред брак користеле сунѓери со крв или рибни меури за да го сокријат тоа од сопрузите.

На Маркижанските острови, новата невеста на свадбената ноќ требало да спие со сите мажи на венчавката – започнувајќи од најстариот гостин, а не со младоженецот.

Во Средниот век, познат е митот за „правото на прва брачна ноќ“ каде племството имало право на девичанството на невестата. Иако ретко се практикувало, селанците понекогаш плаќале данок за да ја заштитат честа на своите сопруги.

Во Африка (Бенин) девичанството се наградувало – мајките им давале пари на ќерките доколку докажеле дека биле невини, со чаршафот како сведоштво
Во Јапонија, пак, првата брачна ноќ била под надзор – избрани роднини и пријатели присуствувале за да потврдат дека бракот започнал „чисто“.

Денес, првата брачна ноќ ја доживуваме како приватен и интимен момент, но низ историјата таа била преплетена со обичаи кои откриваат колку културите придавале значење на невиноста, честа и бракот.