14-ти Саем за венчавки „Wedding Expo Skopje 26“ – Најголемата свадбена инспирација во Македонија!
Подгответе се за најубавиот свадбен викенд во годината!
Од 20 до 22 февруари 2026 година, хотел Александар Палас во Скопје повторно ќе блесне во бело и ќе ја пречека љубовта на едно место — на 14-тиот Саем за венчавки „Во Бело“!
Со повеќе од 50 изложувачи од Македонија и регионот, посетителите ќе имаат единствена можност да откријат над 1000 модели на венчаници, свечени фустани, машки костуми, свадбени декорации, торти, фотографи, музички бендови, јувелири, и многу повеќе.
Саемски изненадувања и специјални попусти
Трите дена ќе бидат исполнети со неверојатни саемски попусти, подароци и ексклузивни понуди кои не се достапни во текот на годината.
Совршена можност да ги најдете сите детали за вашата венчавка — на едно место, во само еден викенд!
аплицирајте за вашата дигитална шопинг картичка (на нашиот меил испратете податоци за закажана свадба)
Големо отворање со ревија на познатите
Саемот ќе биде свечено отворен со спектакуларна ревија на познати личности во венчаници и костуми, кои ќе ја претстават новата колекција на љубовта и стилот. Како увертира на ревијата ве очекува и музички настап на една од најголемите музички ѕвезди во Македонија.
Во текот на трите дена ќе следуваат и индивидуални ревии, настапи, музички перформанси, промоции и презентации од водечките свадбени брендови и салони.
Водителка на настанот – Ангела Апостолоска-Петрески
Со својот препознатлив шарм и елеганција, Ангела Апостолоска-Петрески ќе ја води целата свадбена магија на сцената на „Во Бело“.
Вљубете се во магијата на свадбите
Без разлика дали сте идни младенци, гости на нечија свадба, кумови, старосватици, професионалец во свадбената индустрија или едноставно обожавате љубовни приказни, Саемот за венчавки „Во Бело“ е настан кој не се пропушта!


📍 Локација: Хотел Александар Палас, Скопје
📅 Датум: 20–22 февруари 2026
маил за контакт contact@vobelo.mk












12 thoughts on “14-ти Саем за венчавки „Wedding Expo Skopje 26“ – Најголемата свадбена инспирација во Македонија!”
Comments are closed.